ноември 23, 2024

Лука Бојовиќ, кој важи за еден од најмоќните луѓе во српското подземје, беше депортиран од Шпанија на 30 ноември, а откако истата вечер слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, никој, освен најблиските членови на семејството, не го видел. Според извори на белградски Курир, Бојовиќ, кој е слободен човек во Србија, решил извесно време да оди во илегала, а времето наводно го поминува надвор од Белград.

Избегнува контакт

Заминал од главниот град, во Србија е, но на сосема друга локација. Сега ја гледа само мајка си, сликарката Анѓелка, а кога по толку години првпат дошол во Србија, ги видел и сопствената сестра Марија и деверот Драган Васиљковиќ. Не сака да се експонира и избегнува непотребни контакти, свесен е дека неговата безбедност е загрозена, но тоа не е единствената причина. Избегнува на луѓето да им се појавуваа пред очите – вели извор на Курир близок до семејството.

Како што понатаму објаснува, Бојовиќ наводно не го посетил Ново Гробље за 30-на дена престој во Србија, каде што се погребани неговиот татко Вук, братот Никола, кумот Драгослав Милорадовиќ, пријателот Раде Ракоњац и адвокатот Драгослав Миша Огњановиќ.

Сите овие луѓе загинаа за време на неговиот престој во затвор во Шпанија. Само татко му починал од природна смрт, сите други биле убиени во мафијашки напади. Нивната смрт беше поврзана со Лука – потсетува изворот и додава: – Се очекуваше тој да ги посети гробовите на своите најблиски и да им запали свеќи, но колку што знаеме тоа не се случи. Бојовиќ не дошол на гробиштата, туку запалил свеќи во црква. Во светилиштето се помоли за душите на своите најблиски. Решил дека е подобро да не оди на гробиштата бидејќи тоа може да биде опасно и им оддаде почит на починатите во црквата. Инаку, тој е многу побожен човек, посветен на верата и на молитвите.

Да потсетиме, Лука Бојовиќ на 30 ноември беше депортиран во Србија со лет од Мадрид во придружба на двајца полицајци, откако тамошниот суд одлучи да му одобри условен отпуст и да го протера. Таму беше осуден на 18 години за нелегално оружје и фалсификување документи, додека беше ослободен за убиството на Милан Јуришиќ Јуре.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK