Марија Сол Меси има голема мотивација во нејзиниот брат да напредува во животот и да биде најдобрата верзија од себе. Тие си даваат огромна поддршка во сè што прават.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси е на врвот на својата кариера, а малкумина знаат дека неговата сестра Марија Сол му е огромна поддршка. Храбро ја одведе аргентинската репрезентација до светскиот шампионат, а со таа победа влезе во историјата како спортист кој освоил апсолутно се. Голема поддршка во овие многу важни моменти од неговата кариера беше неговото семејство.
Во последните денови речиси ништо не се пишуваше за оваа дама, а таа има многу посебно место во животот на легендарниот фубалер. Марија е родена 1993 година и е најмлада, а освен неа Меси има и двајца браќа.
Како што пишуваат странските медиуми, Марија од мали нозе била исклучително приврзана за својот брат и секогаш го гледала како модел. Од друга страна, може да се слушнат и коментари дека изгледаат неверојатно слично.
Сега таа доби значајна улога во бизнисот на Меси, па работи како бренд менаџер во модната куќа на нејзиниот брат. Благодарение на таа работа има можност да запознае многу луѓе ширум светот, а тесно соработувала и со Џени Хилфигер, најмладата сестра на популарниот моден дизајнер Томи.
Таа ја основа и својата колекција бикини, која ја претстави како „модна летна капсула“, со уникатен дизајн. Во се што прави и замислува, има голема помош и поддршка од Меси и неговата сопруга, а често истакнува дека главната цел е да остане верна на имиџот на Меси, додека дизајнот мора да биде спонтан, а нивните производи да бидат достапни за сите.