октомври 7, 2024

Репрезентативецот на Албанија, Недим Бајрами го постигна најбрзиот гол во историјата на Европските првенства.

На стадионот „Вестфален“ во Дортмунд, Бајрами ја искористи катастрофалната грешка на Ди Марко и го совлада Донарума по само 23 секунди игра.

Albania scores in 25 seconds against Italy #albania #italy #EURo2024 pic.twitter.com/c48owFmYcs

— Heybets (@playheybets) June 15, 2024

Актуелните европски шампиони експресно се опоравија по почетниот шок.

Бастони го изедначи резултатот во 11.минута. Дефанзивецот на Интер, погоди со глава откако остана сам на втората статива по нафрлувањето на Пелегрини.

Четири минути подоцона, Италија направи целосен пресврт. По една флипер ситуација пред голот на Албанија, топката дојде до Барела кој од 15 метри ја смести топката во голот.

The post (Видео) Бајрами го постигна најбрзиот гол во историјата на ЕП, Италија сепак води во Дортмунд appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK