ноември 23, 2024
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, во авторски текст на блогот на дипломатската служба на ЕУ, истакна дека во годината на војната во Украина, енергетската и климатската криза, и покрај зависноста од увозот на руски фосилни горива, Унијата не „попушти пред уцените на Путин“.

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

„Успеавме да ја пополниме празнината и да ги финализираме важните реформи за да ја забрзаме нашата енергетска транзиција и тоа ќе има значително геополитичко влијание“, оценува Борел.

Според него, освен во самата Украина, војната предизвикала сериозна енергетска криза во Европа „поради начинот на кој Русија ја користи енергијата“.

Вчера претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потврди долгорочна поддршка на ЕУ за Украина во одбивањето на руските напади.

„Ја пренесов мојата сесрдна поддршка и најдобри желби за 2023 година на украинскиот народ“, информираше Фон дер Лајен.

„ЕУ стои покрај вас, онолку долго колку што е потребно. Ја поддржуваме вашата херојска борба. Борба за слобода и против бруталната агресија“, уверила претседателката на ЕК во нејзиниот прв разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски за оваа година.

Како што потсети ДПА, ЕУ обезбедува генератори, светилки, засолништа и училишни автобуси оваа зима и наскоро ќе започне да го исплаќа својот пакет за поддршка од 18 милијарди евра во месечни транши.

Фон дер Лајен, пај, навести дека можеби наскоро повторно ќе отпатува во Украина, потенцирајќи дека „со нетрпение очекува повторно да се сретне“ со Зеленски „наскоро во Украина“

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK