октомври 8, 2024

Кејт Винслет за време на интервјуто за Vanity Fair откри дека снимањето на една од најромантичните сцени во „Титаник“ не било ни приближно толку романтично во реалноста. Станува збор за сцената каде Роуз и Џек стојат заедно и гледаат како заоѓа сонцето на хоризонтот.

Младите вљубени првпат ги испреплетуваат рацете и се бакнуваат. Иако за многу љубители на романтичните драми ова е еден од најубавите моменти во историјата на филмот, Винслет изјави дека Ди Каприо не можел да биде сериозен за време на снимањето на сцената, а наишле на некои други пречки.

 

„Снимањето на таа сцена беше кошмар бидејќи Лео не можеше да престане да се смее, па моравме да ја повториме сцената четири пати. Џим бараше многу специфично осветлување за оваа сцена, а зајдисонцата постојано се менуваа таму каде што бевме“, објасни Винслет.


The post Кејт Винслет откри дека снимањето на нејзиниот бакнеж со Леонардо ди Каприо во „Титаник“ било „кошмар“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK