октомври 7, 2024

Медицинската сестра од Клиниката за онкологија Амела Османовиќ е осудена на казна затвор од две години, затоа што од Клиниката во три наврати, во три различни денови, изнела ампули меѓу кои и цитостатици наменети за пациентите со карцином, а со намера да стекне материјално богатство.

Но, пред да почнат судењата, таа ја напуштила Македонија преку граничниот премин Табановце, не им е достапна на органите на прогонот и нема почнато да ја изржува затворската казна.

Од просторијата за припрема на цитостатици таа одзела ампули наменети за болните од карцином, од кои дел биле најдени во жолта ќеса во нејзиниот автомобил. Станувало збор за ампули „Доцетаксел“ од 80 милиграми, „Епирубицин“ од 50 милиграми, две поголеми шишиња ампули „Калциум фолинат“ од по 500 милиграми, две поголеми шишиња ампули „Пацитаксел“ од по 300 милиграми и 8 помали шишиња ампули „Доцетаксел“ од по 80 милиграми.

Слободен печат

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK