Шведска, која го презеде шестмесечното претседавање со Советот на Европската унија во новата година, свика состанок на механизмот за интегриран одговор на политичките кризи (ИПЦР) за 4 јануари со цел, по повод укинувањето на ограничувањата за излез на кинески државјани од Кина, да се разгледа „координирање на можно воведување услови за влез“ на територијата на Европската унија.
Како што е објавено на веб-страницата на шведското претседателство (swedish-presidency.consilium.europa.eu), „укинувањето на ограничувањата за излез во Кина, во комбинација со зголеменото ширење на ковид-19 во таа земја, ја наложува потребата од заеднички европски акција“.
– Претседателството бара заеднички европски пристап за евентуално воведување услови за влез (во ЕУ). Важно е брзо да ги воведеме неопходните мерки, се наведува во кусото соопштение.
Следете не, не има насекаде