октомври 7, 2024

МАКЕДОНИЈА
Вработена во скопска игротека избркала дете болно од церебрална парализа, обвинета за дискриминација
Автор:
Деск 4NEWS.MK
18/06/2024 11:47

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила дека тригодишно тешко подвижно девојче, болно од церебрална парализа, било дискриминирано во една од најпосетените игротеки во Скопје, од вработена која не дозволила мајката да остане да го држи додека седи меѓу играчките и останатите разиграни деца.

Иако таткото се најавил претходно по телефон и добил дозвола од друга вработена мајката да го внесе болното девојче и да остане со него внатре, кога дошле во игротеката, претпоставената ја избркала мајката. Немоќното дете се вознемирило и почнало да плаче, родителите си го зеле, си заминале и случајот го пријавиле во КСЗД.

Се утврдува директна дискриминација врз основа на ментална и телесна попреченост во областа на пристап до добра и услуги од страна на посочената игротека од Скопје“, се наведува во одлуката на КСЗД.

Родителот во претставката навел дека претходно ги прочитал условите на игротеката и видел дека не е дозволено родители да влегуваат во просторот кој е наменет за анимација на децата, по што се јавил, објаснил за какво дете се работи, а од игротеката му кажале дека нема да претставува никаков проблем мајката да седи со девојчето.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK