септември 21, 2024

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност.

Попладне и кон крајот на денот ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од северозападен правец, што ќе предизвика делумно намалување на маглата.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла и ниска облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец што ќе предизвика делумно намалување на маглата. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините вклучувајќи ја и Скопската Котлина и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури.
Утре ќе дува умерен северозападен ветер, особено долж Повардарието поради што преодно ќе се намалат условите за магла.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK