Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, сака во секоја земја во светот да постои барем еден стадион што ќе го носи името на Пеле. На овој начин, вели тој, ФИФА ќе се оддолжи на фудбалската легенда која почина пред Нова година од рак.
„Пеле зад себе има бројни рекорди за восхит и е еден од најдобрите во историјата. Ривалството меѓу него и Диего Армандо Марадона одбележа една страница во фудбалската историја“, вели Инфантино.
Земјите-членки на ФИФА за сега немаат официјален став за оваа идеја на првиот човек на фудбалската федерација.
The post ФИФА сака во секоја држава во светот да има по еден стадион што ќе го носи името на Пеле appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде