октомври 6, 2024

Научниците првпат беа сведоци на будење на супермасивна црна дупка. Во галаксија во соѕвездието Девица, оддалечена околу 360 милиони светлосни години од Земјата, научниците забележале дека црна дупка сјае посветло од кога било досега, пишува Ројтерс.

„Можевме да го набљудуваме будењето на масивна црна дупка која одеднаш почна да се „храни“ со гасот достапен во нејзината околина, станувајќи многу светла“, вели Клаудио Ричи, астрофизичар и коавтор на студијата за феноменот на будење на црните дупки.

„Ваквото однесување е без преседан“, додаде Пола Санчез Саез, астроном тесно вклучена во студијата.

Црната дупка е околу 1,5 милиони пати потешка од сонцето. За споредба, црната дупка во центарот на Млечниот Пат има маса четири милиони пати поголема од Сонцето.

Супермасивните црни дупки ги растргнуваат ѕвездите и се друго во нивниот гравитациски дофат. Истражувачите укажаа на ова и рекоа дека ротирачки диск од дифузен материјал ја формирал црната дупка во центарот на галаксијата SDSS1335+0728.

Таквите области на активност зрачат енергија на многу високи температури. Тие дури можат да ги надминат самите галаксии.

Меѓународен тим астрономи сега ги анализира податоците од низа телескопи за да види дали активноста на црната дупка е привремена или ќе продолжи во догледна иднина. Се верува дека повеќето галаксии имаат црна дупка во нивното јадро, вклучувајќи го и Млечниот Пат.

„Ова е нешто што може да се случи и со црната дупка која се наоѓа во Млечниот Пат“, вели коавторот на студијата Лорена Хернандез Гарсија.

Засега црната дупка во Млечниот Пат останува „заспана“.

The post Астрономите за прв пат беа сведоци на будење на црна дупка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK