октомври 6, 2024

На платото пред Кабинетот на Претседателот во вила Водно денеска беше одржана церемонија на свечено менување на државното знаме на која присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска Давкова и ученици од ООУ „Јан Амос Коменски“ од Скопје, од ООУ „Драга Стојановска“ Сопиште и од ООУ „Кузман Јосифовски Питу” Кисела Вода, Скопје.

Церемонијата на менување на државното знаме беше извршена од припадници на Баталјонот за почести, а се одржува со цел подигнување на чувството и почитта кон државното знаме, како репрезент и симбол на нашата држава.
По завршување на церемонијата, учениците од трите основи училишта се запознаа со претседателката Сиљановска Давкова и со неа поразговараа за претседателската функција, за надлежностите и редовните активности, при што ги споделија нивните интереси и афинитети во рамки на образовниот процес, информира Кабинетот на Претседателот.

За време на престојот во Кабинетот на Претседателот учениците ги посетија просториите во коишто се одржуваат официјалните и работните средби, како и салите во коишто се реализираат состаноци, свечености, настани и прес-конференции. Во Свечената сала во Кабинетот, основците го разгледаа импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија – земјата памети“ на академик Глигор Чемерски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK