ноември 23, 2024

Русија планира долгорочна офанзивна кампања со ирански беспилотни летала за „исцрпување“ на Украина, изјави денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Имаме информации дека Русија планира долгорочни напади користејќи беспилотни летала Шахед, за исцпрпување на нашиот народ, нашата воздушна одбрана, нашата енергија“, рече Зеленски во своето ноќно видео-обраќање.

Тој уште истакна дека Украина мора „да дејствува и да направи се за терористите да не успеат во својата цел, како што не успеаја и во другите цели“.

Последните неколку месеци Русија користи ирански беспилотни летала за напади насочени кон онеспособување на енергетската инфраструктура на Украина.

Техеран негира дека Русија користи ирански дронови. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK