ноември 23, 2024

Комисијата на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес што ги истражуваше нередите во Вашингтон на 6 јануари 2021 година и упадот во Капитолот, ги прекина активностите.

Резултатите од 18-месечната истрага Комисијата ги достави до Министерството за правда, со предлог за кривичен прогон на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Мандатот на Комисијата истекува денеска, за кога е предвидена и првата седница на новиот состав на Претставничкиот дом по среднорочните избори одржани во ноември минатата година.

Изминатите две седмици Комисијата објави голем дел од материјалот собран во истрагата, вклучувајќи го и нејзиниот конечен извештај на 814 страници.

Членовите на Комисијата истакнаа сакаат објавување на резултатите од истрагата, за јавноста да биде запознаена за сериозноста на инцидентот и активностите што ги спровел Трамп за да остане на власт. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK