Виш лекар во една од најдобрите болници во Шангај изјави дека 70 отсто од населението во метрополата е заразено со Ковид-19, објавуваат денеска кинески државни медиуми.
Големиот број заразени доаѓа по минатомесечното олабавување на строгите ограничувања што кинеските власти ги воведоа за контрола на ширењето на заразата.
Чен Ержен, потпретседател на болницата „Руиџин“ и член на градскиот Експертски советодавен комитет за Ковид, проценува дека во 25-милионскиот град со коронавирус се инфицирани повеќе од половината од популацијата.
„Сега ширењето на епидемијата во Шангај е многу поинтензивно и опфаќа 70 отсто од населението, што е 20 до 30 пати повеќе отколку во април и мај“, изјави Чен за државните медиуми.
Шангај од април беше во двомесечен карантин, период кога во градот имаше повеќе од 600 илјади заразени, од кои многумина префрлени во големи карантински центри.
За другите поголеми градови како Пекинг, Тијанџин, Чонгкинг и Гуангжу, кинеските здравствени власти сугерираат дека бранот веќе го достигнал врвот, додека за Шангај предвидуваат тоа да се случи на почетокот на оваа година.
Чен додаде дека во неговата болница имало 1.600 итни приеми на ден, двојно повеќе од бројот пред да бидат укинати ограничувањата, од кои 80 проценти биле пациенти со Ковид.
Следете не, не има насекаде