октомври 7, 2024

Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња стави крај на шпекулациите каде ќе ја продолжи кариерата. Хезоња се огласи на социјалната мрежа „Х“ и таму го потврди она што го најави минатата недела, дека ќе остане во Реал Мадрид.

„Како што сите знаете, по мојот последен натпревар сезонава станав слободен агент и слободен да одлучам каде сакам да играм во следните години. Се уште немам склучено никаков договор со никого, а како што реков, информација ќе добиете од мене“, напиша Хезоња и додаде:

„Реал Мадрид веруваше во мене кога многумина не веруваа, се грижеше за мене и моето семејство од првиот ден кога пристигнав и направи да се чувствуваме како дома. Мојата единствена намера беше да останам, па со задоволство ќе ви кажам дека ќе останам уште долго во мојот дом, мојот Реал Мадрид“.

Клубот се уште не го официјализирал продолжувањето на соработката, а добро информираната новинарка Сира Лопез пренесува дека договорот е потпишан до летото 2029 година со исклучително добри финансиски услови.

Хезоња наводно ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона, односно за петгодишната верност кон клубот од главниот град на Шпанија ќе инкасира вкупно 12,5 милиони.

29-годишниот кошаркар, минатата сезона во Евролигата имаше просек од 13,5 поени, 4,6 скока и 0,9 асистенции.

The post Хезоња се огласи и стави крај на сите шпекулации appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK