октомври 6, 2024

Викендов што доаѓа, на 22.06 2024 (сабота) , по четврти пат ќе се одржи Меѓународен Теквон-до ИТФ натпревар по сите Европски стандарди “ОХРИД ОПЕН 2024″, во организација на Македонската Традиционална Теквон-до Федерација и Теквон-до клубот”ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид. Генерален спонзор е “ПН МЕТАЛ” кој е најзаслужен за издигнувањето на овој спортво Македонија и за сите нивни успеси. Овај натпревар ќе биде под покровителство на Општина Охрид и Агенцијата за Млади и Спорт. Учество имаат пријавено над 300 натпреварувачи, од 31 клубови од 10 земји во регионов, Молдавија, Романија, Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Грција, Бугарија, Албанија и Македонија.
Истотака “ОХРИД ОПЕН” ид страна на ИТФ е ставен на рејтинг листата, каде што се собираат критериуми за Европски и Светски првенства. Ќе имаме чест во Охрид да гледаме неколку европски и светски шампиони , како непобедливиот Кирил Илиев од Фалкон – Благоевград кој е 6 кратен Европски првак и актуелен Светски првак, како во Теквон-до ИТФ, така и на Кикбокс. Натпреварот ќе започне во 09:00 часот додека заврши, натпреварувачите ќе натпреваруваат во две дисциплини форми и борби. Влезот е бесплатен за сите љубители на нашиот спорт, нека победат најдобрите, изјавува Марјанчо Лазаревски, претседател на М.Т.Т.Ф.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK