ноември 23, 2024

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,68 % во однос на одлуката од 26.12.2022 година.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,68 % во однос на одлуката од 26.12.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 5,153%, кај дизелот за 2,830%, кај екстра лесното масло за 3,424%  и кај мазутот за 0,596%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,334%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,062 ден/кг и изнесува 40,655 ден/кг.

Од 4.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95      79,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98      81,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)        81,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)      80,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 40,655 (денари/килограм)

The post Горивата поскапуваат од 1,5 до два денари appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK