септември 21, 2024

Денеска (03.01.2023) во 10.20 часот на ул.„Христо Татарчев” во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Т.О.(45) од с.Октиси, струшко. За него биле распишани три потерници за издржување казна затвор од вкупно осум години.

По наредба на Основен суд Скопје 1 Т.О. бил баран за издржување казна од три години и три месеци за сторено кривично дело по член 247, по наредба на Основен суд Струга бил баран за издржување казна од три години и шест месеци за сторено кривично дело по член 247 и по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово бил баран за доиздржување затворска казна од една година и три месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 246 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

The post Во Скопје уапсен измамник од Октиси, осуден на 8 години затвор appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK