ноември 23, 2024

Менаџерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, не разбира како ВАР му го поништи голот на Ромелу Лукаку против Романија. Напаѓачот на Белгија нема среќа со технологијата на ЕП, во првите два натпревари ВАР му поништи три гола.

Лукаку против Романија постигна гол при резултат 1:0, но истиот нешто подоцна беше поништен поради милиметарски офсајд.

„Подобро да не зборуваме за тоа. Мојата фрустрација е што фудбалот го претворивме во форензика, во милиметри. Да не постоеше технологијата и голот да важеше, никој немаше да каже ни збор. Кога беше остварен контакт со топката? Го видовме финалниот производ, но не видовме кога започна додавањето. Јас не сум поддржувач на ВАР. Единствено позитивно е што одлуките се носат брзо“, рече Постекоглу.

The post Постекоглу за поништениот гол на Лукаку: Фудбалот го претворивме во форензика appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK