Албанската фудбалска федерација соопшти дека УЕФА му ja изрекла забраната на албанскиот репрезентативец, Мирлинд Даку. Тој доби два меча суспензија откако ги наведе навивачите на националистички скандирања, пренесе „Асошиејтед прес“.
Даку зеде мегафон по ремито 2-2 на Албанија со Хрватска во средата во Хамбург и извика:„Е*и ги Македонците…, е*и ги Србите…“
Албанската федерација, исто така, соопшти дека УЕФА изрекла казни во вкупна вредност од 47.250 евра (50.500 американски долари) за инцидентите на натпреварот, кога албанските и хрватските навивачи извикуваа антисрпски пароли.
Српската фудбалска федерација по инцидентите објави дека ќе го напушти турнирот доколку УЕФА не казнува.
Албанија ќе го игра решавачкиот натпревар од групната фаза во понеделник против Шпанија.
The post УЕФА одлучи: Два меча суспензија за Даку по навредите за Македонците и Србите на Европското првенство appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде