Од 84 илјади, за гласањето на 30-ти јуни за нов лидер на СДСМ пријавени се само 22-23 илјади членови.
За ова проговори и кандидатот за претседател на партијата, Александар Бајдевски во дебатниот магазин „DailyClick“ на ТВ21.
СДСМ согласно бројките има 84 илјади члена, сега се пријавени 22-23 илјади членови. Периодот за активна регистрација можеби беше краток, можеби требаше да оставиме повеќе време, но сметам дека тоа се луѓето кои овој момент ја чувствуваат потребата на 30-ти да се изјаснат по одредени прашања. За мене бројката е мала, сметам дека требаше да биде поголема и сите да се боревме за да дојдеме до поголем број на активно регистрирани членови“, вели Бајдевски.