Драган Недељковиќ, Велика Стојкова Серафимовска, Сергеј Попов, Емилија Ангелова, Весна Ѓорѓиева и Дијана Илиевска од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Фериде Хаџиу и Каљтрина Хаџиу од коалицијата Влен се инињата на новите пратеници чиј мандат денеска ќе биде верификуван на собраниска седница.
Овие пратеници доаѓаат на местата на премиерот Христијан Мицкоски и на неколкумина новоизбрани министри. Тие доаѓаат на местата на Мицкоски и на министрите Гордана Димитриеска Кочоска, Љупчо Димоски, Изет Меџити, Владо Мисајловски, Иван Стоилковиќ, Александар Николоски и Фатмир Лимани.