ноември 23, 2024

Актерката Миа Беговиќ стана баба. Нејзината ќерка Маја Лена Лопатни кон средината на јуни ја роди ќерката Мејбел, а гордата баба покажа фотографија со внуката.

„Мејбел. Душо мила, душо моја, биди благословена“, напиша таа покрај фотографијата на која ја држи внуката во раце, а до нив седи нивното куче Мила.

„Уживајте бабо, внуката ви изгледа убаво“, „Честитки за убавата баба и згодната мајка“, „Честитки за најубавиот подарок“, се дел од коментарите на следбениците.

Медиумите потсетуваат дека ќерката на актерката и ватерполист Роналд Лопатни доби ќерка со својот партнер Карло Шепаровиќ, а името на детето го откри на Инстаграм објавувајќи заедничка фотографија на која се опкружени со розови балони.

The post „Душо на мојата душа“: Миа Беговиќ ја објави првата фотографија со внуката appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK