ноември 23, 2024

Со задоволство Ве известувеме дека, благодарение на донација од страна на локални фирми, успешно заврши реконструкцијата на кровот на објект од павиљонски тип на згради при ЈЗУ Општа болница – Охрид. Објектот е изграден во 1962 година и ова е прва значајна реконструкција изјави директорот на ЈЗУ Општа болница Охрид д-р Асен Шајн. Во текот на процесот на реконструкција, освен што се замени стариот кров, беше извршена и замена на оштетени делови и инсталирани нови материјали за заштита од влага и временски услови. Оваа зграда, која ги вклучува трансфузиологија , биохемиска лабораторија, физикална медицина и рехабилитација, радиологија, болничка аптека, јавни набавки, комерција и патологија и т.н. веќе долги години служи како клучен дел на установата.
Така наречената економска зграда заради дотраеност и временски неприлики беше доведена до нефункционалност со што постоеше опасност за прекин на работа на неколку оддели сместени во истата. Благодарение на поддршката – донација од нашите локални фирми ПН МЕТАЛ ДООЕЛ со финасиски средства, како и ТУРИСТ ИЖЕНЕРИНГ ДОО со материјални средства, успешно се завршени сите потребни изведби на површина од 3 000 m², сега кровот не само што е функционален, туку истиот е значаен и во подобрување на визуелниот аспект на целокупната инфраструктура. Оваа инвестиција не само што ќе продолжи да ја подобрува инфраструктурата на нашата институција, туку и ќе обезбеди подобри услови за работа на вработените и комфорен амбиент за пациентите кои ги обслужуваме.
Должиме голема благодарност во име на вработените и пациентите за несебичната помош и општествена одговорност на ПН МЕТАЛ ДООЕЛ и ТУРИСТ ИНЖЕНЕРИНГ ДОО.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK