ноември 23, 2024

Медицинска екипа, заедно со пациент се заглавени во лифт во зграда во Кисела Вода во Скопје.

Од ЦУК информираат дека заглавените побарале помош од 112 и дека се известени сите надлежни за спасување. -Во 11:22 часот на 112 во ЦУК добивме пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје заедно со пациент, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. Христо Татарчев бр.47, Кисела Вода, Скопје.
Од страна на ЦУК итно се известени БППЗ Скопје и СВР Скопје, информираат од Центарот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK