На улиците на Тбилиси, главниот град на Грузија, цела ноќ се славеше откако фудбалската репрезентација постигна историски успех со пласманот во осминафиналето на Европското првенство кое се одржува во Германија.
Грузија синоќа во третото и последно коло од групата Ф приреди сензација со победата од 2:0 против Португалија, а стрелци беа Квича Кварацхелија во втората минута и Жорж Микаутадзе во 57. од пенал.
РИлјадници грузиски граѓани по натпреварот излегоа на улиците за да ја прослават победата на својот тим и пласманот меѓу 16-те најдобри во Европа.
Граѓаните кои носеа грузиски знамиња се собраа на Плоштадот на независноста во Тбилиси, пееја песни и ги извикуваа имињата на играчите на грузиската репрезентација.
Грузиската репрезентација на 30 јуни ќе се сретне со Шпанија во осминафиналето на ЕУРО 2024 година.
The post Историскиот успех на грузиската репрезентација се славеше цела ноќ во Тбилиси appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде