Вчера почина мојот драг другар, херојот Игор Георгиов од Кочани, поранешен припадник и инструктор во минофрлачкиот тим на Единицата за специјални задачи Тигар, инструктор и креатор во проектот “Биди Тигар”, учесник во одбраната на Македонија во 2001 година како дел од артилериските единици на македонската Армија.
Животот воопшто не му беше мазен, го помина мачејќи се и барајќи мир, многупати соочен со смртта. Во 2003-та поради бирократски причини беше исфрлен од Тигрите, потоа возеше такси, па работеше неколку години во Ирак, со спечалените пари оттаму се обиде да си го најде мирот на планината Пониква, менаџирајќи го ресторанот “Етно Караула Пониква” каде на видно место, на кочански дијалект, беше истакната неговата животна максима “Уште не се е родил тај на сите што и угодил”. Потоа пак замина за Ирак, се врати, се повлече во Кочани, делумно работеше со една викендица на Пониква истовремено работејки најобична физичка работа.
Погребот ќе се изврши денес на градските гробишта во Кочани, во 12.00 часот ќе биде изложен во капела, во 14.00 часот ќе биде погребан.
Бог да го прости, нека му е вечна славата.
Фб статус Стојанче Ангелов