октомври 5, 2024

Кошаркарскиот клуб Фенербахче денеска соопшти дека потпишал повеќегодишен договор со играчот Бонзи Колсон.

Колсон пристигнува во Фенербахче од Макаби Тел Авив, каде ги мина последните две сезони.

Овој 28-годишен кошаркар минатата сезона во Евролигата имаше просек од 12,6 поени и 5,3 скока по натпревар. Во двете сезони му помогна на клубот од Тел Авив да стигне до плејофот на Евролигата и да ја освои израелската лига.

Фенербахче ќе биде трет турски клуб за Колсон во кариерата, бидејќи претходно настапуваше за Дарушафака и Каршијака.

The post Еден од најдобрите кошаркари на Макаби потпиша за Фенербахче appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK