Во ЈП за државни патишта денеска е пристигната информација дека последниот дел од кредитот од кинеската EXIM банка за изградба на патот Кичево-Охрид е одобрен од страна на банката и многу скоро ќе бидат префрлени парите. Вториот дел од кредитот за оваа автопатска делница од 57 километри која се гради веќе цела деценија беше договорена со анексот од 2018-та година. Изнесува 211 милиони долари.
Дополнително, по појавата на новите свлечишта на трасата на Кичево-Охрид, рокот беше пролонгориран со уште еден анекс преку измени на законот за кредитот. Сега крајниот рок за изградба е 1-ви јануари 2026-та.
Но, кредитот не беше автоматски исплатен туку државата во банката мораше да ги достави законските измени како и други податоци за пролонгирањето на изградбата. По неколку месеци проверка, кинеската банка го одобрила реализирањето на овој дел од кредитот.
Следете не, не има насекаде