ноември 22, 2024

Турскиот судија Умут Мелер е назначен за судија на осминафиналето на Европското првенство меѓу Англија и Словачка, што е закажан за в недела од 18 часот во Гелзенкирхен.

За Мелер ова ќе биде трет меч на ЕП, служеше и на дуелите Белгија – Словачка (0:1) и Полска – Австрија (1:3).

На Турчинот на теренот ќе му помагаат сонародниците Емре Ејисој и Керем Ерсој. Четврти судија ќе биде Словенецот Раде Обреновиќ, додека во ВАР просторијата ќе биде Германецот Марко Фриц.

The post Турскиот судија Умут Мелер назначен за главен судија на натпреварот Англија – Словачка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK