октомври 25, 2024

Аргентинскиот фудбалер Ерик Ламела (32) договори тригодишна соработка со грчки АЕК.

Поранешниот репрезентативец на „гаучосите“ пристигнува во Атина на инсистирање на неговиот сонародник на клупата на АЕК, Матијас Алмеида, пренесуваат аргентинските медиуми.

Тренерот на грчкиот клуб всушност беше клучната алка за да се заврши работата, најважниот адут за Грците да привлечат големо име како Ламела, кој претходните три сезони ги мина во Севилја.

Претходно осум сезони го носеше дресот на Тотенхем, а во прв клуб во Европа му беше Рома.

Не е секако кариерата на Ламела во својот зенит, најдобрите фудбалски години се зад него, но тој несомнено сепак е играч кој може да даде голем придонес за секој тим.

Се зборува дека ќе има „голема плата“ во атинскиот клуб.

The post Ламела во АЕК Атина appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK