октомври 25, 2024

По тепачката сопругот го запрел возилото и ја оставил С.М. покрај патот, а потоа со автомобилот, во кој биле нивните малолетен син и внука, го продолжил патот кон граничниот премин „Табановце“
Четириесет и деветгодишната С.М. од Република Србија вчера била пронајдена повредена на автопатот Демир Капија – Неготино, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес.

Жената, со повреди на телото, била пронајдена синоќа во 19:50 часот од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи во Неготино на автопатот по наплатна станица „Демир Капија“, покрај десната коловозна лента.

По пронаоѓањето на жената, додаваат од СВР Велес, бил извршен разговор со сопругот на жената, 52-годишниот Б.М. Неговата изјава била дека додека се враќале од одмор во Грција неговата сопруга, за кој рекол дека имала здравствени проблеми, го нападнала во автомобилот по што дошло до физичка пресметка.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK