октомври 25, 2024

Американската амбасадорка Ангела Агелер во интервјуто за „Програма 200“ на ТВ Алсат рече дека добила уверување од новата Влада дека нема да се раскине договорот на „Бектел и Енка“ за изградба на автопатите од Коридор 8 и Коридор 10Д.

Претходно самиот министер за транспорт и врски Александар Николоски рече дека раскинувањето на договорот со изведувачот би „било душмански“, но дека ќе се преговара со американско-турскиот конзорциум „да се ќари некој километар повеќе“.

Агелер во интервју за Програмата 200 рече дека целта на САД е да ја поддржат земјата не се мешаат во внатрешните работи на земјата, како одговор на реакцијата на премиерот Христијан Мицкоски дека „станува практика амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата“, мислејќи на правосудните реформи.

„Се надевам дека не мислеше на мене. И никогаш не ни е намера да се мешаме.  Одлуките што се носат во Судскиот совет, или искрено, во кое било друго тело во судството, се одлуки кои ги носат само лидерите на оваа држава. Не кажуваме кој да седи на ниту еден суд. Не кажуваме кој треба да биде член на ниту еден совет. Дали корупцијата е широко распространета во судството? Да. Кога јавната поддршка и доверба во судството е 2 отсто, тоа е одвратно. Ова е обвинение за процесот“, изјави Агелер.

Во врска со уставното име на земјата, Агелер рече дека САД јасно ставиле до знаење дека мора да се почитуваат меѓународните договори за земјата да оди напред.

Според неа, дебатата за употреба или неупотреба на уставното име е оттргнување на вниманието од прашањата кои се важни за гласачите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK