октомври 25, 2024

Фудбалската репрезентација на Шпанија која синоќа ја освои титулата на ЕУРО 2024, првиот официјален натпревар како европски првак ќе го одигра на почетокот на септември во Белград, против Србија во Лигата на нации.

Српскиот селектор Драган Стојковиќ-Пикси, синоќа го следеше финалето на ЕУРО 2024 во Берлин, по мечот впечатоците ги сподели во интервју за официјалната страница на Фудбалскиот сојуз на Србија.

„Со нетрпение очекувам, среќен сум што Шпанците ќе го одиграат првиот официјален натпревар како европски шампиони на Европа против нашата репрезентација и пред нашата публика. Тоа е можност „Маракана“ да биде полна и да им честитаме нафантастичниот резултат што го постигнаа во Германија. Од друга страна, тоа е можност за нашите момци да ги одмерат силите со најсилната репрезентација на континентот. .. Можеби индивидуално не сме на нивно ниво, но се може да се надомести со борба и колективна игра Важно е да се има стратегија, трка и агресивност и секој што доаѓа од клупата да спроведе се што замисливме и договоривме пред натпреварот“.

Србија разочара на Европското првенство, не успеа да ја мине групата со Англија, Данска и Словенија, но Пикси и покрај тоа ја доби довербата на челниците на Фудбалскиот сојуз на Србија. Откри дека во Берлин има средби со познати тренерски имиња.

„Разговарав со Капело, Венгер, Клоп, Бенитез, Дејвид Мојс… Нивното мислење не се разликува многу од анализата што ја направивме по Европското првенство. Капело ми кажа дека не заслуживме да загубиме од Англија. Ми кажа дека не изгледавме лошо. Но мора да се постигне гол, една топка во мрежата и се е поинаку. Ми кажаа: „Главата горе, извлечи поуки, тимот треба да се освежи“. Ми се допаѓа идејата да се подмлати репрезентацјата“.

Срдачан сусрет великих пријатеља, Фабија Капела и Драгана Стојковића, у Берлину, где ће присуствовати финалној утакмици #EURO2024 између Шпаније и Енглеске.

У пријатном разговору са селектором Стојковићем Капело је констатовао да је репрезентација Србије доста добро… pic.twitter.com/5HY9mqEqNN

— Fudbalski savez Srbije | FA of Serbia (@FSSrbije) July 14, 2024

The post Пикси за разговорот со Капело и гостувањето на Шпанија во септември appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK