септември 22, 2024

Музичката програма за овогодинешното издание на Вевчанскиот карневал полека, но сигурно се „крчка“, информираат организаторите.
Вевчани се подготвува за Вевчански карневал – најпознатиот бренд на Македонија, што традиционално ќе се одржи на 12-ти, 13-ти и 14 Јануари. Музичката програма за овогодинешното издание на Вевчанскиот карневал полека, но сигурно се „крчка“.

Се најавува богата културно-уметничка програма.

Македонска музика и ЛЕГЕНДАРНИ музичари, почнуваме со објавување на дел од Артистите: Се надеваме дека сите вкусови ќе ги задоволиме. Легендите на македонскиот Рок енд Рол – Ласт Експедишн на 12-ти и Легендата на Македонската народна музика, кралот на тамбурашите Нино Величковски и кумановските тамбураши на 13-ти, информираат организаторите.
Нема потреба од премногу објаснување и асоцијации, штом се спомене Вевчани, веројатно веднаш на сите им асоцира на ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛ, кој традиционално се организира пред Василица.
Така е со векови, а можеби и со милениуми, една од најстарите традиции на Македонија и Вевчани која се претпоставува дека има континуитет најмалку 1500 години.

Пишани извори сведочат дека карневалот е стар најмалку 1.460 години, но постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2200 години.

Денес карневалот е интересно и необично преплетување на пагански со христијански обичаи. Традиционално, учесниците се обидуваат да избегнат воведување на современи карневалски елементи, но веќе години наназад има и богата музичка програма.

На 12-ти јануари веќе традиционално се организира програма од забавна музика, на 13-ти од народна музика и сето тоа испреплетено со традиционалното дефиле на маски, кое завршува со палење на маските на 14-ти јануари.

Подготовките за Вевчанскиот карневал се веќе започнати, а од Општина Вевчани најавуваат прекрасно издание со одлична програма која ќе ги задоволи вкусовите на сите посетители и учесници.
ohridnet

The post Вевчани се подготвува за Вевчанскиот карневал appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK