Горската служба за спасување на Косово спасувала британски дипломат, кој е повреден на Шар Планина.
Како што пишува албански „Телеграфи“, повик за помош е примен во 14.20 часот, а веднаш се организирала акција за спасување.
„Во брза координација со полицијата и ски-центарот, овозможено е превезување на спасувачите со жичницата до највисоката точка, додека друга екипа почнала со искачување до повредениот со опрема за помош и евакуација од земја.
За среќа, спасувачите успеале да стапат во контакт со повредениот, кој успеал да даде координати каде се наоѓа. Со леснотија се стапило во контакт со него и со друго лице кои било во придружба на дипломатот, но немале пристап. На двајцата по телефон им се дадени совети да останат мирни и за други безбедносни елементи.
Во меѓувреме пожарникари почнале да пружаат поддршка и да се приближуваат до тоа подрачје. Повредениот е лоциран во 16.25 часот, на местото викано Црвена стена, каде за жал се лизнал и паѓал околу 450 метри.
Повредениот дипломат е евакуиран со хеликоптер на КФОР, а двајцата се превезени во болница каде добиле лекарска помош
The post Британски дипломат паднал од карпа на Шар Планина, КФОР го извлекол со хеликоптер appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде