Српски државјанин кој живеел во Македонија е вториот турист кој загина на Пирин. По 20-часовната спасувачка акција бугарската полиција утврди дека се работи за 55-годишниот Драган Глишиќ, кој во Банско допатувал за да ја пречека Новата година. Кај него биле пронајдени клучеви од автомобил со австриски регистерски таблички и македонски денари. Неговиот пријател за бугарските медиуми вели дека изминатите денови повеќепати се обидувал телефонски да го добие Драган, но безуспешно.
Многу ми е тешко да разговарам, јас и Драган се знаеме од детството и многу сме патувале заедно низ Европа. Тој многу ја сака природата, а и јас. А овој пат беше на официјална работа во Македонија и сакаше да остане таму за Нова година“, изјави за bTV неговиот пријател Горан Бзениќ.
Телото на Драган беше пронајдено во близина на исчезнатиот бугарски турист Пламен Христов по кого се тргаше цели 7 дена. Непристапниот терен на врвот Вихрен на Пирин ја отежна спасувачката акција која ја организирше тим од 20тина спасувачи од Благоевград, Софија и Ќустендил. Временските услови не дозволија во оперцијата за извлекување на загинатите да се вклучи и воениот хеликоптер.
Засега не е познато како двајацата туристи се нашле на исто место на планинскиот врв со оглед дека лично не се познавале. Првичните препоставки се дека Глишиќ загинал во обид да му помогне на бугарскиот турист. Двете тела се дадени на обдукција.
Сител
The post Србинот кој загина на планината Пирин во Бугарија дошол од Македонија appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде