септември 22, 2024

Дека Перо Антиќ е голем навивач на белградскиот тим Црвена Звезда, за кој двапати настапуваше во играчката кариера, е добро познато и потврдено со тетоважа на неговото тело, но и покрај тоа зачудува неговиот избор на гардероба во која се појави на мечот помеѓу актуелната репрезентација и поранешните великани на Македонија.

Првиот човек на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) на трибините во салата „Борис Трајковски“ се појави во дуксер на кој со големи букви пишува – Црвена Звезда. Тоа секако не би бил никаков проблем да е на меч на црвено-белите од Евролигата во Белград или во некој друг европски град, но изборот е дискутабилен за натпревар на кој се слави – Македонија.

Особено што Антиќ како предводник на макбаскетот на располагање има неограничена количина спортска гардероба со знамето и грбот на нашата држава, со што секако и адекватно би ја претставил федерацијата на чие чело е, а и би им оддал почит на актерите на паркетот, кои изминативе две децении ги „оставија коските“ за Македонија.

Извор: Спорт1.мк

The post Антиќ на мечот помеѓу Македонија и Македонија дојде во дуксер – Црвена Звезда appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK