Мадридските Рајо Валјекано и Хетафе испаднаа од Копа дел Реј, а Реал Мадрид со комбиниран тим и без најголемите ѕвезди успеа да победи макар минимално, во денешната прва фаза од најмасовното натпреварување во Шпанија.
Бразилскиот репрезентативец Родриго ги спаси „кралевите“ со гол во 69-та минута против нисколигашот Какерено, иако недостигаа главните ѕвезди како Бензема, Винисиус, Модриќ, Крос, Рудигер, Куртоа… Реал имаше далеку подобар тим и без нив со Азар, Асенсио, Чуамени, Камавинга, Себалјос, Родриго, Милитао, но се мачеше да победи сѐ до клучниот момент на средина од вториот дел кој им го донесе пласманот.