октомври 24, 2024

Скулпторот Андреј Маневски со уметничката акција „Патот до вистината“ ги прикажува лажните вести кои често оневозможуваат цели групи и заедници да ја видат вистината, заслепувајќи ја јавноста со шарени лаги  спакувани во лажни вести на кои наседнуват голем број граѓани.

Инсталација се состои од велосипед кој има два гидана (волани) кои се насочени во различни односно спротивни правци симулирајќи ги на тој начин лажните и реалните вести. Самиот велосипед кој зазема централно место во делото/акцијата се стреми да  се искачи на врвот на поставената патека изработена од метал, каде што се наоѓа вистината. Патот на неколку места му е попречен со лажни вести.

Делото е поставено на малиот сквер кај „Ким“ на крстосницата на улиците Ленинова и булеварот Партизански одреди во Скопје.


The post Со велосипед скулпторот Маневски се бори против лажните вести appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK