октомври 24, 2024

Оскар Пјастри победи на трката за Големата награда на Унгарија. Младиот Австралиец во унгарската престолнина ја забележа првата победа во кариерата. Пјастри победи пред тимскиот колега Ландо Норис и Луис Хамилтон од Мерцедес.

Трката во Унгарија ќе се памети по „еден-два“ победата на Мекларен и наредбата од боксот која ја доби Норис да му ја отстапи позицијата на Пјастри.

Дури по долго убедување од боксот, Британецот попушти и му дозволи на клупскиот возач да го претекне на два круга до крајот на на трката. Не се памети дека на ваков аматерски начин се справил со ваква ситуација.

Трката ја обележа и инцидентот меѓу Хамилтон и актуелниот шмпион Макс Ферстапен, кога Холанѓанецот се обиде да го мине Британецот. Тркачки инцидент за која вината оди кај Ферстапен. Хамилтон во Унгарија по 200. пат во кариерата се искачи на победничкито пиедестал.

Четврти беше Шарл Леклер (Ферари), Ферстапен (Ред Бул), шести Карлос Саинц (Ферари), седми Серхио Перез (Ред Бул), зад него дојде Џорџ Расел (Мерцедес), потоа Јуки Цунода (РБ), а десеттото место го зазеде Ленс Строл (Астон Мартин).

The post Контроверзна трка во Унгарија – Деби победа за Оскар Пјастри appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK