Десетгодишното момче паднало во потпорна бетонска цевка во јужен Виетнам. Ли Хао Нам е во цевката од новогодишната ноќ, а спасувачите се надеваат дека ќе преживее.
По четиридневен неуспех нацијата се надева дека денеска момчето ќе биде извлечено од столбот.
Воена инженерија и експерти се обидуваат со багери, кранови, кабли и друга опрема да ја подигнат цевката, затрупана со отпад, земја и кал. Виетнамскиот медиум „ВнЕкспрес“ објави графички приказ за тоа како спасувачите користат метална цевка долга 19 метри за да ја отстранат калта од околу столбот и да ја подигнат.
Од саботата на терен се распоредени стотина војници со професионална опрема, а во 35-метри долгиот потпорниот столб се впумпива кислород за да му помогне на момчето да дише.
Следете не, не има насекаде