ноември 24, 2024

 САД и Јужна Кореја работат на „координиран одговор“ доколку Северна Кореја изврши нуклеарен напад, објави американскиот Совет за национална безбедност, јавува Анадолија.

Еден од портпаролите на Советот, со барање да остане неименуван, потврди за Анадолија дека сојузниците не разговараат за заеднички нуклеарни вежби.

– Република Кореја е држава без нуклеарно оружје. САД се целосно посветени на нашиот сојуз и на обезбедување продолжено одвраќање со целиот опсег на американските одбранбени способности, рече тој.

Портпаролот додаде дека американскиот претседател Џо Бајден и јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јеол ги задолжиле своите тимови да планираат „ефективен координиран одговор на низа сценарија, вклучително и употреба на нуклеарно оружје од страна на Северна Кореја“.

Јужнокорејскиот претседател, претходно во интервју за весникот „Чосун Илбо“ изјави дека Сеул и Вашингтон се вклучени во дискусии за спроведување на заеднички вежби со употреба на нуклеарни средства за ефективно одвраќање и дека Вашингтон е доста позитивен во однос на идејата.

Меѓутоа, американскиот претседател Џо Бајден во понеделникот кусо и категорично ги отфрли тврдењата на јужнокорејскиот колега.

Тензиите на Корејскиот Полуостров повторно се зголемија откако Северна Кореја лансираше десетици проектили минатата година во серија тестови на оружје, вклучително и интерконтинентални балистички ракети. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK