Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, има за цел зајакнување на деловниот сектор во Република Северна Македонија, создавање поволна околина во три сектори кои се идентификувани како сектори со потенцијал за развој: Одржлив агробизнис, Активен туризам и Информатичка и комуникациска технологија (ИКТ).
За идеите, моменталните активности и плановите за делување на Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост, разговараме со директорот на ИМЕ-програмата, Горан Дамовски за Агротим.
Агротим: Што нуди Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ? Кои се нејзините цели и кон кои сектори е насочена поддршката?
Горан Дамовски: Швајцарија преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост -ИМЕ, има за цел зајакнување на деловниот сектор во Република Северна Македонија. Нашата мисија е да создадеме поволна околина во три сектори кои се идентификувани како сектори со потенцијал за развој: одржлив агробизнис, активен туризам и информатичка и комуникациска технологија (ИКТ).
Нашата цел е да ги прошириме пазарите и да ја зајакнеме конкурентноста кај домашните чинители во овие три сектори, да катализираме севкупно подобрување на квалитетот на производите и услугите и да создадеме одржливи работни места за висококвалификуваниот кадар во државава, особено за жени и млади.
Агротим: Дали сте задоволни од тоа како се развива ИМЕ Програмата изминативе години? Дали успевате да ги исполните целите кои ги има поставено проектот?
Дамовски: И покрај предизвиците во секторите поради Ковид-19 и енергетската криза, досега ИМЕ постигна забележителни резултати. Како резултат на активностите реализирани преку ИМЕ Програмата, во последните три години, креирани се околу 1.290 нови работни места во трите сектори. Околу 140 компании воведоа нови технологии и стандарди во своето работење, а на пазарот понудија нови и унапредени производи и услуги. Имено, во тесна соработка со компаниите се работеше на развој на нови производи и услуги, подобрување на продуктивноста и оптимизација на ресурсите со цел зголемена конкурентност, дигитализација, обезбедување на најсоодветен пристап до финансии, воведување на потребните стандарди, а многу компании ги поврзавме со нови потенцијални клиенти и пазари. Следствено е забележано постепено зголемување на продажбата на компаниите и тоа за околу 10% во просек на годишно ниво. Соработуваме и придонесуваме во градењето на услугите на многу бизнис сервис организации и зајакнување на целокупниот екосистем на услуги за развој на бизнисите.
Во насока на подобрување на вработливоста на младите, поврзување со приватниот сектор и поттикнување на инклузивни практики поддржавме развој на неколку напредни програми за управување со човечки ресурси во компаниите кои се верификуваа во Центарот за образование на возрасни. Активно соработуваме со факултетите во надградба на програмите за практиканство, поврзување и активна примена на науката во бизнисот.
Наша крајна цел е сите интервенции да придонесат за побрз развој на компаниите и креирање нови вработувања, како и промени на бизнис климата и процесите во секторите кои ќе бидат оддржливи на долг рок и по завршувањето на поддршката од ИМЕ Програмата.
Агротим: Кои проекти во областа на агросекторот ги има работено ИМЕ Програмата и какви резултати имате постигнато досега?
The post (ИНТЕРВЈУ) Дамовски: Kонтинуирана поддршка за одржлив развој на компаниите и креирање услови за нови вработувања особено за жени и млади appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде