ноември 27, 2024

Стојче Трајанов од Чешиново има завршено музичка академија на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на отсек етнокореологија, а во неговото семејство е четврта генерација која се занимава со сточарство.

„Со сточарство се занимавам од мали нозе, бидејќи фамилијарно и од страна на татко ми и од страна на мајка ми јас сум четврто колено што се занимава со сточарство. Сме имале секаков вид добиток, но традицијата остана само кај овците, бидејќи тоа ни е во крвта. од тоа зависиме и живееме. Одгледувам околу 150 грла овци, повеќето од сортата овчеполка, која ми е најомилена и една од поотпорните раси. Околу стоката баба ми и дедо ми највеќе ми помагаат, но во домен на нивната сила, бидејќи се накај 80 години. Да бидам искрен, се плашам да продолжам да одгледувам бидејќи сите знаеме какви се условите и цените кај нас.“, вели Стојче за Агротим.

„Објектите ни се малку застарени, од дрвена конструкција, тоа е и една од причините поради кои немаме капацитет за зголемување на стадото и кои не дозволуваат пристап до механизација за да можат објектите полесно да се исчистат или да се нахрани стоката.“, вели Стојче.

Семејството на Стојче произведува волна, млеко, сирење, урда и секако, продаваат јагниња.

„Не знаеме поради која причина волната не се откупува и веќе неколку години стои неоткупена и ни зафаќа простор во магацините. Јагнињата повеќето ги даваме во кланица.
Млекото исто така поголемиот дел го даваме на млекарница, а сирење и урда правиме за домашни потреби и за блиски луѓе.“

Стојче е член на Здружението „Млад сточар“ и смета дека форморањето на ова здружение е одлична идеја за да се слушне гласот на младите сточари, каква мака имаат и со кои предизвици се среќаваат.

The post Гајдаџијата Стојче Трајанов е експерт за народни ора, но и за одгледување овци: Овчарството ни е во крвта, од тоа зависиме и живееме appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK