септември 8, 2024

Австралиските кошаркари ја совладаа Шпанија на стартот од Олимписките игри со 92:80.

Австралија доминираше во текот на целиот натпревар, првата четвртина ја доби со предност од 10 поени, која се покажа како клучна.

Шпаниј неколку пати се враќаше во мечот, во третата четвртина дури и го презеде водството (54:56), но Австралија возврати со серија 15:3. Последениот обид да се врати во мечот Шпанија го имаше во последната четвртина, кога по серијата од осум поени на ветеранот Љуљ се доближи на минус од пет поени. Австралија успеа да го одбие и тој налет и пота без проблемо го доби натпреварот.

Најефикасни во австралискиот тим беа Џок Лендејл со 20, Пети Милс со 19, Џош Гиди со 17, Дишаун Даниелс и Џош Меквеј со по 13 поени. Кај Шпанците блескаа Санти Алдама со 27 и Серхио Љуљ со 17 пони.

Вечерва првото коло во оваа група ќе го комплетираат Грција и Канада.

The post Австралија ја „скрши“ Шпанија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK