септември 8, 2024

Збогатена туристичката и угостителската понуда на познатото охридско село Лешани, синоќа свечено беше отворен етно ресторанот Димитрија“ и вила Бате Боле во село Лешани општина Дебрца.

Си отворањето на овој етно ресторан во срцето на општина Дрбрца се очекува уште поголем развој на селскиот туризам.

Сопственикот на етно ресторанот и вилата “Бате Боле” се надева дека оваа приказна ќе послужи за пример не само во Охрид и Дебрца, туку и во цела Македонија како би можел да се развива туризмот и како може нашите преубави села со недопреба природа и прекрасни извори да одат понатаму- Целта на оваа приказна е пред се да ги привлечиме најмногу домашните и странските туристи, при што ќе им понудено зготвената традиционална македонска селска храна.

Тука странските и домашните гостите ќе имаат можност да јаваат на коњи , исто така во понудата има авантури со џипови, пешачење, возење на четирицикал, а во овие топли денови ќе може да се разладувате во прекрасниот базен, а во зимски услови ќе уживате во прекрасните бунгалови кои се опкружени со борова и дабова шума.

За најмалите дечиња има детски парк, а во јавањето може и тие да ви се придружат со пони коњче.

 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK