октомври 23, 2024

Им нема крај на скандалите кои ги режира организаторот на Олимписките игри во Париз.

Се започна со претставување на јужнокорејската делегација како Северна Кореја (!?) за време на церемонијата на отворање на ОИ, тогаш и беше најавена турската делегација, а на дефилето се појави Тунис и на крајот наопаку беше подигнато на јарболот олимпиското знаме.

Денес организаторот направи уште еден гаф кој спортистите од Јужен Судан нема да им го прости. Кошаркарската репрезентација на Јужен Судан, попладнево дебитираше на ОИ, но пред почетокот на мечот со Порторико, наместо нивната организаторот ја пушти химната на Судан.

Јужен Судан по долгогодишната граѓанска војна во која страдаа над 2.000.000 луѓе, во 2011 стекна независност. Тоа е најмладата држава во светот.

Публиката наклонета на африканската селекција бурно протестираше и го принуди организаторот да ја признае грешката, да го прекине интнирањето на суданската химна. Тука организаторот се најде во паника, помина време додека ја најде вистинската химна.

За тоа време публиката им аплаудираше на кошаркарите на Јужен Судан, а колку тоа им значеше на ривали сфатија и Порториканците, кои се солидализираа со публиката.

Натпреварот Јужен Судан го доби со 90:79 Најефикасен во победничкиот тим беше натурализираниот Американец, Карлик Џонс со 19 поени и по шест асистенции и скокови, Маријом Шајок постигна 15 поени, а Куол и поранешниот играч на МЗТ Скопје, Нуни Омот реализираа по 12 поени.

The post (Видео) Историската победа на Јужен Судан во сенка на гафот на организаторот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK