октомври 23, 2024

 На 28.07.2024 во 03.00 часот, полициски службеници од полициското одделение во кичевското село Зајас го лишиле од слобода Б.У.(46) од кичевското село Бачишта, на привремена работа во Австрија.

Тој, претходно, на семејна веселба во истото село неовластено испукал повеќе куршуми од пиштол „Смит и Весон”, сопственост на неговиот татко Р.У.(64) од истото село, кој го поседувал со дозвола.

Притоа, Е.Е.(33), М.Р.(57) и една малолетничка, сите од селото Бачишта, кои биле на веселбата, се здобиле со повреди и биле пренесени во Итната медицинска помош во Кичево, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Од Р.У. бил одземен пиштолот и 300 куршуми, кои ги поседувал со дозвола.

По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK